ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБУКА ЗА ЛИДЕРСТВОТО

Во хотелот „Аполонија“, се одржа работилница за бизнис, лидерство и менаџмент на која присустуваа менаџери на фирми од Гевгелија и вработени во администрацијата на општина Гевгелија. Работилницата беше дизајнирана да му помогне на секој кој има желба да успее во бизнисот, или да стане одличен лидер и менаџер.

Предавачи беа искусни и успешни менаџери од Америка: Алан Корс, Роберт Шиар, Крис Куејар кои во моментот се волонтери на Американскиот мировен корпус во Македонија, поточно, во Гевгелија и во Битола. 

Сесиите на работилницата во првиот ден опфатија: важни основи на бизнисот, комуникација, правење стратешки план кој ја дефинира работата, користење на клучни податоци за мерење на прогрес и адаптирање на планот врз основа на перформансите, а во вториот ден со вежби и низ интерактивни кружни маси беа анализирани разликите меѓу лидерите и менаџерите, кои се различните извори на моќ и авторитет на лидерите, кои вештини и однесувања се потребни за да се биде ефективен менаџер. Ова е еден од петте настани оваа година кои се дел од програмата „Трансфер на вештини“ на Фондацијата „Аполонија“ и волонтерите на Мировниот Корпус за поддршка на локалната заедница и градење на капацитетите на заинтересираните граѓани во Гевгелија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________