ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СПОЈУВАЊЕ НА ОПШТАТА БОЛНИЦА И ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во Министерството за здравство, согласно планот за разционализација, предвидено е спојување на здравствените домови и болници во оние градови каде што е тоа можно, а меѓу нив е и Гевгелија.

Рационализацијата почна во Кочани, а наскоро се очекува да биде завршена и постапката за спојување на Здравствениот дом и Општата болница во Гевгелија.. Како што посочуваат од министерството, целта на ова спојување е олеснување на работата, поради тоа што здравствените институции во овие градови имаат недостиг од кадар во дејноста што ја пружаат кон пациентите во населеното место и во Службата за итна медицинска помош. Со спојување на институциите, ќе се олесни работата на докторите поради тоа што ќе се надополнуваат во тимови кои пружаат услуга кон граѓаните во населеното место, но посебно во екипите за Итна медицинска помош. Дополнително се олеснува услугата и кон пациентите кои не се оптоваруваат со дополнителни упати и административни процедури кога одат од болницата во Здравствениот дом. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________