ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

РАБОТНО АНГАЖИРАНИ 8 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ОПШТО КОРИСНА РАБОТА

Денес започнува реализацијата на проектот за општо корисна работа, што општина Гевгелија го реализира заедно со Агенцијата за вработување и УНДП. Преку овој проект на општина Гевгелија од УНДП и е одобрено работно ангажирање на 8 невработени лица за општо корисна работа.

Меѓу осумте времено ангажирани лица двајца се социјални работници, а шестмина се среднисти. Тие во текот на 6 месеци ќе бидат ангажирани по 20 часа неделно и тоа во текот на шест месеци.

Волонтерите за општо корисна работа ќе бидат работно ангажирани за помагање и пружање помош на деца со попреченост и на стари лица. Поточно, тие  ќе волонтираат по четири часа дневно во Дневниот центар за лица со пречки и дневниот центар за деца со попреченост „Мајка Тереза“ во Гевгелија. Но, исто така, ќе посетуваат и стари и изнемоштени лица и ќе им помагаат.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________