ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СМОКВИЈАДА 2018: МЕРИ ОЛУМЧЕВА ГО ПОДГОТВИ НАЈДОБРОТО СЛАТКО ОД СМОКВИ

Смоквијадата не претставува само фестивал на смоквата, туку и манифестација која ја афирмира традицијата, семејниот дух и заедништвото во овој крај. Затоа, ваквите придобивки и манифестации треба да ги негуваме и подржуваме.

Пред Гевгелија стојат многу предизвици, особено пред претстојното зачленување на Република Македонија во НАТО и заочнување на преговорите со ЕУ. Бидејќи, Гевгелија е на самата граница со ЕУ, а тоа значи дека и претстои зголемен економски развој. Како резултат на целосната отвореност кон Грција и ЕУ за нови инвестициони вложувања. Се разбира, и афирмација на нашите традиционални вредности и туристички погодности. Ваквата шанса треба и мораме да ја искористиме, рече на отворањето на „Смоквијада 2018“ градоначалникот Сашо Поцков, потсетувајќи ги своите сограѓани дека од памтивека во Гевгелија гостите се пречекувале со слатко од смокви и чаша вода.

Иако, годинава слаткото од смокви не се вареше на отворено и групно, „Смоквијадата“ не изгуби ништо од својата привлечност. На просторот пред споменикот на Сава Михајлов, со етно звуците на групата „Љубојна„, зедно со оркестарот Агушеви, и фантастичните играорци од ансамблот „Бојмија“, како и поп звуците на младите гевгеличани „Г-ноутс“, многубројната публика уживаше во забавата. Смоквијадата веќе десетина години е гевгелиски бренд за кој се зборува во Македонија и пошироко, традиција која здружението на граѓани „Тера” и покровителот, општина Гевгелија успешно ја негуваат и не дозволуваат, таа да биде заборавена.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________