ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ ГИ ПРИМИ МЛАДИТЕ РОМАНСКИ ФУДБАЛЕРИ

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ги прими младите фудбалери од Сибиус, Романија, кои престојуваат во Гевгелија. Младите романски фудбалери денес ќе одиграт фудбалски натпревар со младите фудбалери на ФК„Кожуф“, а ќе бидат гости и на Академијата „Пандев“ во Струмица.

Младинската фудбалска школа во Сибиус брои 300 деца, а младинскиот фудбалски тим е единствен фудбалски тим во овој романски град. Тие не го криеја задоволството што за прв пат престојуваат во Република Македонија и ќе имаат можност да се сретнат и запознаат со младите фудбалери во Гевгелија и во Струмиуца.

Градоначалникот Сашо Поцков им посака добредојде и ги запозна со Гевгелија и општината, посакувајќи им пријатен престој на југот од земјата. Притоа, тој изрази надеж дека ваквата соработка меѓу младите фудбалери од двете земји ќе продолжи. Бидејќи на тој начин се разменуваат искуства, стекнуваат нови знаење и се унапредува спортскиот дух меѓу младите.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________