ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „ИЗЛЕЗИ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“

Во Гевгелија денес започна кампањата во пресрет на референдумот насловена како  „Излези ЗА европска Македонија“.

Кампањата ја отворија градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и пратеникот во Собранието на РМ Хари Локвенец, кои во изјавата за граѓаните ги повикаа да излезат на референдум на 30 септември. Притоа, градоначалникот Сашо Поцков изрази уверување дека поголемиот број гевгеличани токму поради тоа што знаат што значи да си на европска граница и да ги користиш бенефитите од тоа ќе излезат на референдум и ќе гласаат за, а оние кои имаат дилеми имаат можност во текот на кампањата да ги разјаснат. Пратеникот Хари Локвенец ја посочи историската шанса на Република Македонија за влез во НАТО и во ЕУ, а која зависи од исходот на референдумот. Оттука и нашата и одговорноста на сите граѓани кон сегашните и идните генерации да излезат на претстојниот референдум и да гласаат за Договорот од Преспа и влезот во ЕУ и НАТО, порача Локвенец.

Вечерва, е закажана јавна трибина со граѓаните пред Народниот театар во Гевгелијана која ќе присуствува и пратеникот Хари Локвенец. Трибината ќе започне во 19 часот.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________