ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ДО 3 ХЕКТАРИ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ објави  јавен   оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари во неколку региони во земјата, меѓу кои и Гевгелија.

На сите заинтересирани земјоделци во општините Гевгелија, Дојран и Богданци за закуп на земјиште до 3 хектари им се понудени 347 хектари.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,

-одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,

-рибници до 20 години и

-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно - истражувачки дејности.Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една понуда за учество.

Право на учество на јавниот оглас имаа лицата кои немаат склучено важечки договор за закуп со Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.

Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации. 

Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 04.10.2018 година (четврток).  Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на ден 09.10.2018 година (вторник) во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје со почеток од 10 часот.

Огласот е објавен и на веб страната на општина Гевгелија, а за дополнителни информациипонудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во подрачните единици, да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk или во Секторот за регистрирање и управување со земјоделско земјиште на телефон: 02 313 44 77.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________