ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА

Со синоќешната трибина „Излези ЗА европска Македонија“ започна кампањата за претстојниот референдум во Гевгелија.

Пратеникот Хари Локвенец ја посочи историската шанса на Република Македонија за влез во НАТО и во ЕУ, а која зависи од исходот на референдумот. Оттука и нашата и одговорноста на сите граѓани кон сегашните и идните генерации да излезат на претстојниот референдум и да гласаат за Договорот од Преспа и влезот во ЕУ и НАТО, порача Локвенец.

-Јас сум македонецот Хари Локвенец. И денес и секогаш ќе зборувам македонски јазик и после успешниот референдум, никој нема да има право да забележи зошто македонецот Хари Локвенец зборува македонски јазик.Гледав како на почетокот на дебатава вие граѓаните гледате гордо во македонското знаме додека се интонираше македонската химна. И химната, и знамето ќе бидат исти после успешниот референдум, истакна во своето обраќање пратеникот Локвенец, потсетувајќи ги гевгеличани дека 30 септември не е само дата, туку можност за избор на нова подобра иднина за себе и идните генерации со полноправно членство во Европската Унија и НАТО со гарантиран македонски идентитет:

- 30 септември е денот кога ние треба да ја зграпчиме понудената шанса, нагласи Локвенец и порача дека ова е шансата на нашата генерација која треба да ја препознаеме и зграпчиме и заради економскиот просперитет, и заради безбедноста, како што пред многу години тоа го препознале сега веќе етаблираните земји членки на Европската Унија и НАТО сојузот.

-На 30 септември треба да одлучиме – дали оваа европска порта ќе ја отклучиме или ќе ја заклучиме.Гевгелија се наоѓа на границата со ЕУ.Гевгелија – отсекогаш била отворена за соработка и комуникација со европските метрополи, пред сто години, а и денес.Граѓаните добро ги чувствуваат и знаат бенефитите од ваквата местоположба и важноста од отвореноста на македонско-грчката граница, рече на почетокот градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, обраќајќи им се на своите сограѓани. Притоа, тој ги посочи економските врски на гевгелиските бизниси од повеќе сектори, но и малопродажбата која зависи од бројната клиентела на гости од соседна Грција. Особено, кога се работи за текстилната индустрија, фабриките за преработка на земјоделски и овошни производи и угостителскиот сектор, посебно казинскиот туризам. Сите тие во поголемиот дел се поврзани со тесни бизнис врски со партнери, или потрошувачи од пазарите во Грција и земјите од Европската Унија. 

-Локалниот економски развој на општина Гевгелија во голем дел е зависен од фреквентноста на границите, од добрите меѓусоседски односи меѓу Република Македонија и Република Грција и од куповната моќ и на жителите на општина Гевгелија, и на жителите на Република Грција. Како подрачје во кое дел од граѓаните се занимаваат со земјоделска дејност, Поцков потсети и на предностите на членството во Европската Унија, користењето на ИПА фондовите за развој на оваа стопанска дејност.

- Само преку ИПА- Програмата за прекугранична соработка изминативе години во општина Гевгелија се реализирани 10 проекти во вредност од скоро 2 милион евра.Со европски грантови во Гевгелија е изграден мост на Сува река, регулиран поголемиот дел од одводниот канал Рауљ, изграден одводен канал во Негорци, реновиран покривот на Пионерскиот дом, целосно уреден Вардарски рид.Во моментот во општината се реализираат два проекти преку истата програма, со Република Грција и со Република Бугарија, за уредување на туристичкото излетиште Динќут и за регулација на Сува река, за кои од ЕУ ни се доделени 685.000 евра.

Со европски грант во Гевгелија е извршена целосна реконструкција на Народниот театар, реновиран е граничниот премин  Богородица, опремена Општата болница и Здравствениот дом, а во завршна фаза е  реконструкцијата на железничката станица. 

Во рамките на ИПАРД програма преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој изграден е дел од патот Негорци – Серменин, патот за Ума, улицата Мирко Делев во Негорци.Но, не треба да се заборава дека со европски пари беше изградена и автопатната делница Смоквица-Демир Капија, од која бенефитите сите ги чувствуваме, изградена е Пречистителната станица, која на 26 септември ќе биде предадена вои употреба, рече Поцков и посочи:

- Македонија секоја година добива 12 милиони евра од ИПА фондовите на ЕУ. Наместо досегашното аплицирање на секои три години со добивањето на членство во Европската Унија, како земја и како општина ќе можеме да аплицираме за средства од ИПА фондовите секоја година, со што не мора да чекаме за да ги реализираме некои планирани и зацртани проекти да измине следното тригодишје, рече градоначалникот на општина Гевгелија, на синоќешната трибина во Гевгелија, нагласувајќи:

-Со примената на Договорот од Преспа, конечно ни се отвораат двете најочекувани и посакувани шанси во нашиот и животот на оваа земја: влез во НАТО и во ЕУ. За овој мој став влијаат три причини: Ваквите придобивки обезбедуваат убава сегашност, на моите деца и внуци им се обезбедува посигурна иднина, за во мојата предизборна програма ветив дека ќе се залагам Гевгелија да стане зелена, модерна и евброска општина.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________