ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВОДОСНАБДИТЕЛНИТЕ СИСТЕМИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОБЕЗБЕДУВААТ 315 ЛИТРИ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Во општина Гевгелија во функција се 13 водоснабдителни системи, кои обезбедуваат 315 литри вода за пиење. Најголем број од бунарите се наоѓаат во Гевгелија, каде што од бунарите кај Моин и реката Вардар се обезбедуваат 250 литри вода за пиење.

Овие количества вода и во најврелите летни денови ја задоволуваат потрошувачката на вода во градот. Преостанатите осум бунари и каптажи се лоцирани во Миравци, Смоквица, Предјци и Негорци. 

Општина Гевгелија настојува да го подобри водоснабдувањето со изградба на нови водоснабдителни системи и во другите помали населени места. Додека во Гевгелија, заради подобрување на квалитетот на вода за пиење во завршна фаза е изградбата на новиот водоснабдителен систем со кој ќе се обезбедат дополнителни 250 литри вода за пиење. Со тоа всушност долгорочно се решава водоснабдувањето во Гевгелија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________