ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТНАТА И КОМУНАЛНАТА МРЕЖА

Продолжуваат изведбените работи за реконструкција на улиците во Гевгелија и општината. Изведувачот „Жикол“ треба да изврши асфалтирање на улицата „Белградска“, на преостанатиот дел на улицата „Јане Сандански“, а ќе започне и со гребење и асфалтирање на улицата „Македонија“,

која води до паркингот кај спортската сала „26 април“ во Гевгелија. Исто така, ќе биде реконструирана и една улица во Богородица.

Во завршна фаза се изведбените работи за нова канализација на улицата „Ѓорче Петров“ во Негорци по што ќе следи асфалтирање. Изведувачот - фирмата „Еуроинг“ веднаш потоа ќе продоллжи со асфалтирањето на улицата „Елена Танчева“ во Гевгелија, како и улица во Серменинска мала. 

Исто така, треба да започнат и изведбените работи за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ѓоко Тутушев“ во Гевгелија, по што ќе биде извршено и целосно нејзино асфалтирање.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________