ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО ЗАВРШНА ФАЗА ТРИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Во општина Гевгелија во завршна фаза е реализацијата на три капитални зафати, кои не само што претставуваат целосно заокружување на инфраструктурните потреби на граѓаните, туку и значително поттикнување на локалниот економски и еколошки развој.

Пречистителната станица веќе работи во полн капацитет и обезбедува пречистување на сета вода која се одведува од домаќинствата и правните лица. Сета искористена вода која истекува во канализациониот систем пред да истече во реката Вардар, најпрвин, се пречистува на биолошки и хемиски начин и така пречистена се испушта. Официјалното предавање во употреба на овој значаен проект , реализиран со финансиска поддршка од страна на Швајцарската агенција за развој (SECO), Грчката и Владата на Република Македонија, е најавен за 26 септември.

 Наскоро Гевгелија ќе добие и најмодерна депонија изградена по сите ЕУ стандарди. Отпадот ќе се одлага во строго контролиран процес. Веќе се разговара и за унапредување на проектот за депонијата со инсталирање на опрема за рециклажа. А, забрзано се работи и на проектот за изградба на приоден пат до депонијата од крстосницата на патот за влез во Ново Конско.

Во завршна фаза е и изградбата на новиот водоснабдителен систем со кој Гевгелија долгорочно го решава прашањето со квалитетна вода за пиење. По изведбата на бунарите кај Вардар се очекува овој капитален проект да биде целосно реализиран. Новиот водоснабдителен систем ќе обезбедува 250 литри вода за пиење.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________