ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОПШТИНАТА ЛЕТОВО РАБОТНО АНГАЖИРАШЕ 20 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Општина Гевгелија летово, преку два проекти, работно ангажираше 20 невработени лица - активни баратели на работа во Агенцијата за вработување.

На почетокот  на јуни беа ангажирани 12 невработени лица за изведување на јавни работи. Невработените лица беа работно ангажирани 22 дена, а работеа на одржување на комуналната хигиена. Проектот се реализираше согласно Оперативниот план на актуелни активности и мерки за вработување во 2018 година, одобрен од Владата на РМ за Програмата за работни ангажирање – јавни работи. Општина Гевгелија аплицираше на оваа програма и беше одобрено работно ангажирање на 12 невработени лица - активни баратели на работа. 

Во моментот во тек е реализацијата на проектот за општо корисна работа, што општина Гевгелија го реализира заедно со Агенцијата за вработување и УНДП. Преку овој проект се работно ангажирани 8 невработени лица за општо корисна работа. Меѓу осумте времено ангажирани лица двајца се социјални работници, а шестмина се среднисти. Тие во текот на 6 месеци ќе бидат ангажирани по 20 часа неделно и тоа во текот на шест месеци. Волонтерите за општо корисна работа се работно ангажирани за помагање и пружање помош на деца со попреченост и на стари лица. Поточно, тие  волонтираат по четири часа дневно во Дневниот центар за лица со пречки и дневниот центар за деца со попреченост „Мајка Тереза“ во Гевгелија. Но, исто така, посетуваат и им помагаат на стари и изнемоштени лица.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________