ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УСПЕШЕН СТАРТ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА „НАХРАНИ 10.000“

Во Гевгелија успешно стартуваше хуманитарната акција „Нахрани 10.000“, велат во општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија. Пред се во поглед на  одзивот на граѓаните од градот и постигнатите резултати. Во акцијата „Нахрани 10.000“ собрана е храна за донирање на  25 социјални случаи од општината.

Наредниот месец одзивот во акцијата ќе биде уште поголем, се разбира, доколку во неа со донации на храна се вклучат и стопанските организации, пред се, преработувачките фабрики, велат во општинската организација на Црвениот крст.

Имено, акцијата продолжува и наредниот месец, на 16 октомври, кога се очекува да се соберат 60 тони спакувана и конзервирана храна наспроти 12 тони кои беа собрани во 10 градови сега.

Според статистички податоци, во Македонија на годишно ниво се фрлаат 12.000 тони храна поради што нашата земја е рангирана на седмото или осмото место во светот по фрлање на вишок храна.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________