ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРИВАТНИТЕ ИЗДАВАЧИ НА СОБИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност за сместување во општина Гевгелија се заведени 34 издавачи, што несомнено зборува за зголемениот број на приватни издавачи на легла во последно време.

Тие на гостите, било да се Грци, или српски или други транзитни туристи, кои минуваат крај Гевгелија, на пат или враќање од Грција, им нудат вкупно 260 легла. Тоа значително го зголемува хотелскиот капацитет во општината, кој располага со скоро 700 легла во комерцијалните и приватните хотели. Пред се, во најрепрезентативните хотел-казина, но, и во другите капацитети и хотели, како што се Негорските бањи, одморалиштето Смрдлива вода, ски центарот „Кожуф. Во изминатиот период поради зголемениот интерес за ноќевање на транзитните туристи, наспроти ограничените хотелски капацитети, кои во репрезентативните хотели се резервирани за казино-гостите, а во другите објекти и за европската полиција, зголемен е и бројот на приватните издавачи. Тие согласно законските прописи, а како и другите хотелски капацитети, треба да плаќаат туристичка такса, која во општина Гевгелија изнесува 40 денари по лице од ноќевање.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________