ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ГИ ОБЈАВИ ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРТА

Министерството за култура ги објави годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области.  Министерството ќе поддржи проекти, кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Македонија.

И тоа, во областите на визуелни уметности, архитектура и дизајн; фолклор, музичка и музичко-сценска дејност; драмска дејност; литература и издавачка дејност; интердисциплинарни проекти; заштита на недвижното, движното (библиотечна дејност, музејска дејност, заштита на аудиовизуелни добра) и нематеријалното културно наследство, како и за меѓународна соработка.

Право на учество на конкурсите имаат правни лица и физички лица - државјани на Република Македонија. Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата. Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходниот период треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура. На конкурсите НЕ учествуваат национални установи од областа на културата. Националните установи, во согласност со Законот за културата, во јуни во тековната година донесуваат нацрт-годишна програма за работа на установата и ја доставуваат до Министерството за култура. Пријавите по дејности и области, кои се составен дел од конкурсите по дејности и области, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на конкурсите. Конкурсите траат од 29.9.2018 до 14.11.2018 година.  Пријавите треба да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи¬сар¬ни¬цата на Министерството најдоцна до 16:30 часот во работните денови.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________