ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КОНЦЕРТ НА КЛАВИРСКОТО ДУО АВРАМОВСКА-МАРИОВСКИ

Во петок, на 5 октомври, во малата сала на Народниот театар ќе се одржи концерт на клавирското дуо Аврамовска-Мариновски кое остварува меѓународни настапи како и меѓународни мастер класови по камерна музика.

На програмата ќе бидат изведени следниве дела: А.Јосифов - Виртуозна токата Ж.Бизе - Кармен фантазија, А.Дворжак - Легенда оп.59 бр.10 B-dur, А. Дворжак -Словенски танц оп.46 бр.1 C-dur, Ф.Шуберт - Фантазија f- moll A.Дворжак - Словенски танц g- moll оп.46 бр.8, А.Хачатуријан - Танц на сабјите.

Концертот започнува во 19.30 часот.

Со овој настан всушност ќе биде одбележан и светскиот ден на учителот. Истовремено, организаторот - ООМУ„Васо Карајанов“ продолжува со одбележувањето на својот 40 годишен јубилеј. Во октомври и ноември веќе се договорени неколку концерти, балетска претстава, а јубилејниот концерт на музичкото училиште е закажан за 26 октомври.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________