ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ВО НЕГОРЦИ

Денес започна асфалтирањето на улицата „Ѓорче Петров“ во Негорци со што завршуваат работите околу целосната реконструкција на оваа сообраќајница во ова населено место.

Имено, на оваа улица најпрво беше поставена канализациона линија, по што следеше тампонирање и асфалтирање. Со целосната реконструкција на оваа улица решени се одсегашните проблеми на жителите на оваа улица, како поради водите кои се разлеваа насекаде по секој овилен дожд, така и поради непреченото одвивање на сообраќајот. Работите ги изведуваше градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија.

Според градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков летово во општината беа реконструирани и изградени неколку улици, како во Гевгелија, така и во населените места. Последна беше главната улица во Богородица, која целосно беше реконструирана, како и улицата „Лена Танчева“ во Миравци. Претходно беа асфалтиртани улиците „Белградска“, „Македонија“ и една улица во Серменинска мала во Гевгелија. Исто така, беа асфалтирани улиците „Нако Вардарски“ и дел од улицата „Кочо Рацин“, улиците „26 април“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“ и „Мицо Шаренков“ во Гевгелија. Покрај ова бетонирана е и улицата „Фердинанд Јованов“ во Негорци. 

-Меѓутоа, актиовностите за реконструкција на патната и комуналната инфраструктура во општината продолжуваат. Наскоро ЈПКД„Комуналец“ започнува со поставувањето на канализација на улицата „Христо Узунов“ во Гевгелија, а, исто така треба да започне и изградбата на канализациона линија на улицата „Ѓоко Тутушев“, по што ќе уследи и целосно асфалтирање. Исто така, планираме согласно Програмата за реконструкција иизградба на локални патишта и улици во 2018 година санација и на некои други улици, вели Поцков.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________