ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАЈДИСОНЦАТА НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ФОТОГРАФИ

Изминатиов петок во Гевгелија се случи една несекојдневна изложба на фотографии.

Фотографите Димитар Новаков, Петар Пубреклиев, Гоце Тасевски, Димитар Мијов, Боки Марков, Стефани Брламова, Милчо Јовановски и Мартин Стојанов подготвија прекрасни фотографски уметнички дела на тема зајдисонцa. Што е уште поинтересно изложбата се случи на покривот од зградата над книжарнизата „Ние пром“ во центарот на Гевгелија. Тука, посетителите освен што можеа да ги погледнат фотографиите, можеа во живо да го следат моментот кога сонцето зајде зад планината Кожуф, некаде околу 17 часот. 

Фотографката Стефани Брламова на самото отварање посочи дека жалосно е изложба на фотографии на тема зајдисонце да се затвори помеѓу четири зида на некоја ликовна галерија. Вака, рече таа, едно мало поместување во просторот направи драматична разлика, облаците кои до тогаш беа надвиснати над градот, како со некаква магична рака се отворија и дозволија присутните во живо да го проследат заоѓањето на сонцето. 

Настанот потврди дека фотографите не само што ја сакаат фотографијата, туку и се радуваат и на природата. Како резултат на ова нивно заедништво, Гевгелија во последно време доживува интересни моменти, кога е во прашање фотографијата. Најпрво, гевгелиските фотографи на јавноста и ги претставија своите видувања на планинските пејсажи, во клубот над Народниот театар, а сега на отворено им го доловија зајдисонцето и тоа, во моментот кога сонцето заоѓаше над Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________