ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД – 11 ОКТОМВРИ

Во Гевгелија Денот на востанието на македонскиот народ – 11 октомври се одбележува со полагање на цвеќе на Спомен костурницата во Гевгелија и со промоција на монографијата „Антички моменти“.

По повод празникот делегациии на Здружението на борците од НОВ-Гевгелија, на општина Гевгелија, на политичките партии ќе полагаат цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ, со почеток во 11 часот.

Веднаш потоа, во 11.30 часот, во малата сала на Народниот театар се одржува Промоција на вториот том од монографијата  „Антички монети“  од Бобан Хусеновски. Промотор на монографијата ќе биде д-р Перо Јосифовски, а рецезенти на монографијата се проф.д-р Нада Проева и проф.д-р Мара Баначиќ-Мандиниќ.

Археологот и директор на Музејот во Гевгелија првиот том од монографијата „Антички монети“ го објави во 2004 година. Со издавањето на вториот том се заокружува неговото истражување на античките монети пронајдени на археолошкиот локалитет Вардарски рид кај Гевгелија. Станува збор за обемно и значајно дело за културното наследство на овој археолошки локалитет, каде што се наоѓал старо-македонскиот град Гортинија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________