ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ВАРДАРСКИ РИД

Македонско-Холандското здружение ChangeMakers4All организираше акција за чистење на археолошки локалитет ,,Вардарски рид‘‘. На тој начин ова новоформирано здружение ја демонстрира одговорност кон зачувување на животната средина и кон подигање на свеста на секој жител на општина Гевгелија, како да се грижи за средината во која живее.

Членовите на ова здружение во својата работа ќе се фокусираат на пет столба: земјоделство, туризам, образование, култура и здравство. 

Како што велат самите „Нашата мисија е да создадеме можности за помалку привилегираните поединци и да работиме за подобар свет за идните генерации. Ние веруваме во моќта на поединецот да донесе промени со мали дела кои можат да имаат големо влијание“. Вакви акции, здружението ќе организира еднаш месечно, не само на излетничките локалитети, туку и на јавните површини во општина Гевгелија. Промените започнуваат најпрво со земање на одговорност на сите нас како поединци,а потоа со здружување, помагање, другарување, еднаквост и превземање конкретни активности, велат членовите на ChangeMakers4All.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________