ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КК „БЛОКОТЕХНА“ ПОБЕДИ ВО ФИНИШОТ, А КК„КОЖУВ“ ЗАГУБИ ЗА САМО ЕДЕН ПОЕН

Двата гевгелиски кошаркарски клуба „Кожув“ и „Блокотехна“ стартуваа во Првата кошаркарска лига со драматични натпревари, во кои победникот се одлучуваше во последните секунди. Во дербито од првото коло на новиот кошаркарски шампионат, во Гевгелија се водеше голема битка, за да на крајот, во една возбудлива завршница,„Блокотехна“ го надигра лутиот противник МЗТ 81-78.

„Блокотехна“ на овој натпревар покажа квалитет, но и голема борбеност, која беше пресудна за победата.,мотивација и карактер. Домашните кошаркари стартѕуваа одлично, но по 5 минути гостите ја заиграа својата игра, поминаа во водство, за да во втората четвртина тоа изнесуваше дури 12 поени. Меѓутоа, Блокотехна успеа да се врати во натпреварот, и да го заврши полувремето со еден поен негатива 49-50. Во второто полувреме се водеше изедначена борба во која се водеше битка за секоја топка. Во еден момент резултатот на семафорот цели пет минути застана на 71-71, за да потоа играта кулминираше со трилер завршница. Решевачки моменти беа, петтата лична на Стојановски и офанзивниот скок на Главчев, кога се избори за мртва топка, која припадна на домашните, при резултат 78-77. 

Најдраматичниот пак натпревар на стартот од новата сезона во Првата кошаркарска лига го одиграа Гостивар и Кожув. Победија домаќините со 70:69, но којзнае што ќе се случеше ако најдобриот играч на гевгеличани Миладин Пековиќ, при водство од 70:67 за Гостивар, не се одлучеше да шутира тројка за продолжение, туку тргна на положување мислејќи дека има уште 5-6 секунди.Со оглед на тоа што постигна кош со звукот на сирената, Кожув не доби нова шанса за триумф. Инаку, до тој фамозен финиш, екипите се менуваа во водство. На пет минути пред крајот Гостивар водеше со 62:55, на 71 сеунда со 69:63, но по поените на Караколев и Нацевски, Кожув се доближи на само два негатива (69:67).

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________