ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ДОНИРАНО ВОЗИЛО ЗА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

На ЈУ„Детска радост“ од Гевгелија денес и беше врачено едно патничко возило „Киа Карницал“ за потребите на детските градинки во Гевгелија и во населените места.

Имено, Агенцијата зуправување со одземен имот на РМ, врз основа на поднесеното барање, и отстапи на општина Гевгелија, едно моторно возило. Општина Гевгелија го даде возилото на користење на детските градинки, бидејќи ЈУ „Детска радост“ има недостиг од возило. И тоа, не само за обиколка на детските градинки во Гевгелија, Миравци, Негорци и Богородица, туку и за транспорт на храна.

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков при денешната посетата на ЈУ„Детска радост“ ја истакна потребата од натамошни активности за подобрување на условите за престој на децата во детските градинки. Притоа, најави дека општина Гевгелија прави напори за обезбедување на средства за замена на столаријата во детската градинка „Цветови“. Инаку, општина Гевгелија веќе издвојува дополнителни финансиски средства за нормално функционирање на оваа детска јавна установа поради зголемениот обем на работа и потребата од дополнително ангажирање на негувателки и воспитувачки.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________