ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГЕВГЕЛИСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ИНТЕРВЕНИРАЛЕ ВО ПРОСЕК ПО 10 ПАТИ МЕСЕЧНО

Во текот на изминативе девет месеци гевгелиските пожарникари интервенирале 90 пати во локализирање и гаснење пожари во општина Гевгелија. Но, и во соседните општини Богданци и Дојран, кои ги покрива ТППЕ-Гевгелија. Најголем број од пожарите или две третини се случиле во текот на летото, односно во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември.

Најчесто летните пожари или 47 биле на отворено, во шума или на земјоделски површини, три пожари се случиле во објекти, четири интервенции имало на опожарени возила и четири интервенции биле од техничка природа.

- Нашата единица во моментов е добро организирана, опремена и екипирана за дејствување. Брзо и ефикасно интервениравме на повиците и сите пожари како и други непогоди успеавме да ги ликвидираме ден за ден со што и направените материјални штети се значително намалени, вели Раде Котески, командир на ТППЕ Гевгелија.

Со оглед на релативно високите температури и ниската влажност, останува апелот до граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума. Граѓаните, исто така се предупредуваат пред стартот на претстојната грејна сезона да ги исчистат оџаците и да извршат проверка на електричната инсталација на објектите и на апаратите доколку се греат на струја.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________