ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ

На 25 октомври 2017 година, пред речиси точно една година, го преземав извршувањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија.

На тој ден, општина Гевгелија имаше долг од над 143 милиони денари кон доверителите, односно кон стопанството. Згора на ова општината по основ на кредитни задолжувања имаше уште 2 милиони евра долг кон кредиторите, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на вчерашната прес конференција во Владата на Република Македонија во врска со новата мерка планирана во ребалансот на Буџетот за финансиска поддршка од 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови на општините односно 51% од пријавените обврски како и за заштитните механизми предвидени во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа со кои ќе се воспостави ред во планирањето на општинските буџети.

-Во изминатава една година успеавме со домаќинско и одговорно работење финансиски да ја консолидираме општината. Општината успеа во рок од една година да врати над 25 милиони денари, односно 17% од долгот кон стопанството. Но, за да го постигнеме ова во текот на целото досегашно работење моравме да балансираме и од една страна да внимаваме општината да ги извршува своите обврски задоволувајќи ги потребите на граѓаните согласно програмите од буџетот, а од друга страна се обидувавме општината да ги сервисира тековните и дел од заостанатите долгови.

Предлогот Владата на Република Македонија да интервенира и да преземе мерки за покривање на 51% од долговите на општините за нас како градоначалници е многу значаен. Исплаќањето на значаен дел од долговите ќе значи дека веќе нема да мораме до толку да се грижиме дали нашите сметки ќе бидат блокирани, да трошиме драгоцено време на состаноци со доверителите, туку ќе можеме да се посветиме на нови проекти. Од друга страна ова е и добра вест за нашите стопанственици кои се доверители на општината.

Со исплаќањето на долгот очекувам да се раздвижи и локалната економија во општина Гевгелија бидејќи по основ на оваа мерка ќе бидат исплатени над еден милион евра. 

Општина Гевгелија со сервирање на старите долгови ќе може во 2019 година да ги заокружи сите три капитални инвестиции кои беа пуштени во употреба годинава и тоа со сопствени средства.

Да потсетам дека на новата Прочистителна станица потребно е затварање на старата депонија, односно финансови средства во висина од 20 милиони денари. 

На новиот водоснабдителен систем недостига целосна заштита на објектот кајшто се сместени пумпите како и хортикултурно уредување во висина од 24 милиони денари. 

На новата депонија недостига патна инфраструктура, струја и вода за кои се потребни околу 12 милиони денари. 

Сето ова ќе биде реализирано во 2019 година со сопствени средства од Буџетот на општина Гевгелија благодарение на ваквата мерка која ќе овозможи парите на општината да се инвестираат во развој, а не во плаќање на заостанати долгови.

Исто така сакам да го поздравам и предлогот со закон да се постави лимитот до кој општините ќе можат да ги планираат своите приходи. На мислење сум дека ова системско решение ќе ги дисциплинира општините и во иднина нема да се случува заради финансиска недисциплина и неодговорно работење да се трупаат долгови. Се надевам дека двата предлога на Владата на Република Македонија ќе ја добијат поддршката од пратениците во Собранието, нагласи во својата изјава на прес конференцијата градоначалникот Сашо Поцков.

Линк до изјавата:

https://www.youtube.com/watch?v=0IB5i3-YqUA&feature=youtu.be

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________