ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОКРИВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ДОЛГОВИ ТРЕБА ДА СЕ СФАТИ КАКО РАЗБИРАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ОПШТИНИТЕ

Вчера во Медија центарот на Владата на Република Македонија се одржа прес конференција на којашто се обратија Министерот за финансии, Драган Тевдовски,

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Министрите и градоначалниците дадоа поширок осврт за позитивните аспекти од новата мерка планирана во ребалансот на Буџетот за финансиска поддршка од 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови на општините односно 51% од пријавените обврски како и за заштитните механизми предвидени во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа со кои ќе се воспостави ред во планирањето на општинските буџети.

„Граѓаните и стопанството ќе имаат бенефит од владината помош за отплаќање на дел од натрупаните, а неплатени обврски на локалната самоуправа. Граѓаните ќе можат непречено да ги добиваат општинските услуги. Фирмите ќе може да наплатат дел од своите побарувања, со што ќе се зголеми ликвидноста на стопанството. Владата ќе активира и заштитни механизми, за да не се трупаат нови долгови“,  истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот Тевдовски рече дека во Министерствто за финансии беа затекнати многу наследени проблеми и последици од недомаќинското работење со јавните финансии изминативе години.

Министерот за финансии посочи дека главна причина за натрупувањето на неплатени, а доспеани обврски кај општините е нереалното проектирање на буџетите чии приходи биле проектирани нереално високо заради што преземале обврски кои потоа не можеле да се платат. Министерот рече дека Владата воведува механизми со кои ова ќе се спречи во иднина. Општините ќе може да ги проектираат своите приходи со најмногу 10% раст од просечната реализација во последните 3 години.

„Општините не сметаат дека Владата им дава поклон со тоа што им покрива 51% од долговите, од централниот буџет, објасни на прес конференцијата градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и додаде дека потегот го смета како разбирање на централната власт за проблемите на општината“.

„Државата ништо не им поклонува на општтините. Централниот буџет го полнат и општините и граѓаните на сите општини. Во Гевгелија има три казина. Ниедна давачка од казината не влегува во основниот буџет на општина Гевгелија. На прашањето каде завршуваат парите, одговорот е дека завршуваат во централниот буџет. Ние се залагаме за поголем степен на децентрализација, тоа ќе го правиме со Владата за општините да добијат поголеми бенефити“, реше Поцков, додавајќи дека уште е во сила владината мерка за ослободување на инвеститорите, кои плаќаат комуналии само 5%, кое се прави за да се привлечат инвеститори. Што, од друга страна, пак, ги намалува комуналиите како приход на општините. 

„Значи, се задира во кесето на општините, за сметка на државната политика на Македонија, која сите ја поздравуваме. Ова го кажувам за да немате впечаток дека Владата нешто им поклонува на општините. И општините имаат свој придонес, се откажуваат од приходи во полза на централната власт, а овој пат и централната власт има разбирање за општините“ потенцира Поцков. 

 

„Владата со овој чекор за санирање на општинските долгови не тргна со намера да наградува,  туку да создаде амбиент, сите граѓани, без разлика во која општина живеат, да можат да ги добијат услугите кои што општината е должна да им ги обезбеди. Граѓаните не смеат да бидат оштетени“, порача Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу во своето обраќање.

„Оваа мерка е одговор на наодите  во Извештајот на Државниот завод за ревизија за финансиската нестабилност на општините за периодот од  2012 до 2016 година, каде е констатирано дека има: значително отстапување на планирањето од реализирањето на буџетите на општините, несоодветно евидентирање на обврските кон добавувачите, како резултат на што од 2012 до 2017 година околу 20% од општините постојано се со блокирани сметки и постојано растат вкупниот долг и каматите. Оваа пракса не смее да продолжи и затоа  законот инсистира на зголемена транспарентност и отчетност во работењето“, рече министерот Фазлиу.

 Градоначалниците на општините Битола, Тетово и Гевгелија, Наташа Петровска, Теута Арифи и Сашо Поцков зборуваа за важноста на ваквата финансиска поддршка на Владата на Република Македонија, за редот којшто се воспоставува во планирањето на општинските буџети и за отворањето на фискален простор со кој општините ќе можат полесно да планираат и реализираат развојни проекти во интерес на граѓаните.

 

„Предлогот Владата на Република Македонија да интервенира и да преземе мерки за покривање на 51% од долговите на општините за нас како градоначалници е многу значаен. Ќе можеме да се посветиме на нови проекти, а од друга страна ова е и добра вест за нашите стопанственици кои се доверители на општината“, рече градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________