ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕКРАСЕН КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ НА ООМУ„ВАСО КАРАЈАНОВ“

Вo саботата, во Народниот театар во Гевгелија се одржа Свечен  концерт, по повод 40 годишниот јубилеј на музичкото училиште ООМУ„Васо Карајанов“ од Гевгелија.

На концертот дела од Шопен, Чајковски, Моцарт, Шуман, Пребанда, Шостакович, Куфнер, Жанжан и Брамс изведоа сегашни ученици, завршени ученици и професори од ООМУ „Васо Карајанов“, кои своите први чекори во светот на музиката ги направиле токму во ова училиште. Пред гевгелиската публика настапија Ангела Маџирова, Никола Стојменов, Емилија Николовска, Љубица Улиш, Соња Јованова, Меглена Лазаровска, Теодора Атанасова, Никола Павлов, Костадин Издушнов и Глигор Гелебешев. Додека пак извадок од класичен балет изведоа ученици од 5 и 6 одделение од балетскиот оддел при ООМУ „Васо Карајанов“.

 Пред 40 години, на 1 ноември 1978 година, започна наставата во новоформираното ООМУ „Васо Карајанов“, сместено во просториите на некогашната болница. Досега ова училиште, како што истакна на почетокот на концертот, директорката Сузана Стефанова, организираше триесет музички настани, со кое го збогати гевгелискиот културен живот, а намерата е до крајот на годината да се организираат уште десет, со што со повеќе од 40 музички настани, концерти, работилници и натпревари во текот на целата 2018 година, ООМУ „Васо Карајанов“ годинава ги одбележува четирите децении постоење.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________