ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СРЕДБА СО 14 ПИСАТЕЛИ-ЧЛЕНОВИ НА ДПМ

Во Гевгелија се одржа Средба на четиринаесет автори, членови на ДПМ, со присутните, претежно млади љубители на убавиот пишан збор. Имено, во рамките на програмските активности на библиотеката „Гоце Делчев“ за популаризација на книгата,

во Месецот на книгата, пред гевгелиската публика со свои творби се претставија Соња Стојменска Елзесер, Мишел Павловски, Христо Петрески, Мито Спасевски, Димитар Пандев, Васил Тоциновски, Стефан Марковски, Кирил Кангов, Мирче Нешовски, Гордана Стојковска, Фросина Пармаковска, Игор Крајчев, Лјерка Тот Наумова и Ленче Милошевска. 

Претседателката на ДПМ Соња Стојменска Елзесер изрази посебно задоволство што гледа многу млади на средбата, а вети и дека ДПМ и во иднина ќе соработува на популаризацијата на книгата, не само со библиотеката „Гоце Делчев“, туку и со другите културни институции од општина Гевгелија. Таа потсети дека љубовта кон пишувањето не познава граници и никој не знае каде ќе се појави врутокот на талентот, а Гевгелија од секогаш имала и ќе има талентирани писатели. Средбата, со неколку музички точки ја збогатија Сузана Стефанова на флејта и Илија Атанасов на гитара. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________