ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГЕВГЕЛИЈА ГО СЛАВЕШЕ ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО – 7 НОЕМВРИ

Гевгелија денес го слави Денот на ослободувањето од фашистичката окупација.

 Денот кога пристигна слободата во Гевгелија. Денот кога Гевгелија го започнува својот развоен пат во првата слободна држава на македонскиот народ.

Во историската хроника останало забележано:

Пролетта 1944 година е формиран Вториот гевгелиски партизански одред, како дел од Втората македонска бригада. На 15 септември борците на Вториот гевгелиски партизански одред започнаа со првите борбени акции на територијата на Гевгелиска околија. На 27 септември, по борбите кај Богородица и Стојаково, борците на Вториот гевгелиски партизански одред започнаа да се доближуваат до Богданци. Целта беше - напад на германските воени единици стационирани во Богданци.  На 28 септември, ноќта, Вториот гевгелиски партизански одред, заедно со Струмичкиот партизански одред, започнаа заедничка акција против германските единици во  Богданци. Акцијата на двата одреди беше успешно завршена, а германските единици веќе наредниот ден, на 29 септември, беа принудени да го напуштат Богданци. На 5 ноември 1944 година, Гевгелискиот партизански одред тргна кон Гевгелија. И, тоа преку Мачуково и Сеово, пробивајќи се кон Гевгелија. На 6 ноември борците на Вториот гевгелиски партизански одред, во параден строј, влегоа во Гевгелија, минувајќи низ главната улица.  Граѓаните на Гевгелија воодушевено ги поздравија и дочекаа борците, радувајќи и се на слободата. На 7 ноември 1944 година, во големата сала на Соколаната  се насобра многу народ за да го прослави денот на  ослободувањето на Гевгелија. На прославата беше донесена одлука - 7 ноември да биде прогласен за Ден на ослободувањето на Гевгелија. Така пристигна слободата во Гевгелија, со претходно дадени 74  жртви, во борбата со фашистичкиот окупатор, од кои 13 потекнувале од самиот град Гевгелија. По тој повод вчера на спомен обележјата и на Спомен костурницата делегации на СЗБ од НОВ-Гевгелија, на Советот на општина Гевгелија, на политичките партии и други положија цвеќе. На Спомен костурницата цвеќе положија и градоначалниците на Гевгелија и на збратимените општини Инџија, Јабланица, Пазин и Гвозд.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________