ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ

Вчера во Гевгелија беше предаден во употреба новиот Водоснабдителен систем – капитален инвестиционен зафат, кој ќе обезбеди долгорочно и квалитетно водоснабдување во Гевгелија и околината.

Поточно, на 17.500 жители или 76% од вкупното население на општината, но и за околу 2000 жители од населните места Селемли и Стојаково, во општина Богданци.Со изградбата на овој водоснабдителен систем се решава еден од најгорливите проблеми во општина Гевгелија, кој се провлекува од пред еднаипол деценија.Досега Гевгелија со вода за пиење се снабдуваше од 4 бунари, во реонот на селото Моин, со издашност од 30-40 литри во секунда или вкупно 120-160 литри во секунда и уште од двата бунари кај Вардар, со издашност 60-90 литри во секунда.Квалитетот на оваа вода е неповелен поради зголеменото количество на арсен.Поточно, откако Светската здравствена органицазија ја намали долната граница за присуството на арсенот во водата и невклопувањето на бунарите кај Моин во овој нов здравствен правилник. Оттука и големото значење на овој  новоизграден водоснабдителен систем систем, кој располага со три бунари, во областа „Мрзенска Ада“, со вкупна издашност од 200 литри во секунда.

-Најпрво би сакал во мое име и во име на Владата на Република Македонија да Ви го честитатам 7 ноември, денот на ослободувањето на Гевгелија.Идеалите на нашите предци за подобар живот ги продолжуваме и ние, неуморно и посветено работејќи за да овозможиме подобри услови за живот за сите граѓани во Република Македонија.  Кон тоа подеднакво сме вклучени сите, и ние како централна власт и вие како локална самоуправа, рече во своето обраќање на настанот министерот за транспорт и врски на РМ Горан Сугаревски. Притоа, нагласи:  

-Нема поголема сатисфакција од тоа кога ќе видите задоволни граѓани.Токму овој систем кој денеска и официјално ќе го пуштиме во употреба е пример за тоа како треба да работи една општина за подобрување на условите за живот за своите граѓани.Имајќи предвид дека најгорливиот проблем на гевгеличани беше токму водата за пиење, со изградбата на овој систем очекуваме да се надмине деценискиот проблем и конечно да се подобри водоснабдувањето во градот.Министерството за транспорт и врски беше дел од овој голем проект, партиципирајќи со средства преку кредитната линија од Европската Инвестициона Банка, рече Сугаревски.

-Сега кога овој предизвик е надминат, очекуваме во наредниот период локалната самоуправа да работи на нови проекти за да се надградува економскиот потенцијал на Гевгелија.Ние како Влада дополнително ќе ги поддржуваме и помагаме општините, се со цел заедно да придонесеме за нивен економски раст и развој.Ако општината е богата ќе има и задоволни граѓани.За таа цел, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.Овие средства ќе бидат ставени на располагање на општините исклучиво за локални патишта и улици.Исто така ќе обезбедиме и нова кредитна линија од Европската инвестициска банка за сите општини по истиот терк како и досега, за подобрување на водоводните и канализационите мрежи.Затоа е многу важно општините за започнат да подготвуваат проекти и со готови проекти и од следната година да аплицираат до Министеството за транспорт и врски за да можеме намвремено да ги користиме сите финансиски средства. Оваа финансиска поддршка ќе биде од огромно значење за општините,  особено за граѓаните, бидејќи тоа е предуслов за подобрување на животот во населените места, им порача од Гевгелија министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски на локалните самоуправи.

- Кога точно пред една година, ја презедов градоначалничката функција, јасно и гласно, и порачав на јавноста дека ќе настојувам сите започнати проекти успешно да бидат финализирани, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Се гордеам што успеав тоа да го направам, заедно со Советот на општина Гевгелија, проектниот тим, администрацијата, и на тој начин да се заокружат сите проекти започнати од претходниот градоначалник.Ние како избраници на граѓаните сме должи започнатото и поддржаното од нив, особено, кога се работи за вакви проекти од животно значење, до крај да ги реализираме. Без разлика дали сме ги започнале, наследиле или пак ги финишираме.Бидејќи, граѓаните ги финансираат овие инвестициони зафати, а ние само ги менаџираме.Таков е случајот и со изградбата на новиот Водоснабдителен систем, реализиран со кредит од Светската банка и грантови од ЕУ, кои кредитни средства сите како граѓани ќе ги отплаќаме.Но, затоа пак сите заеднички ќе ги користиме бенефитите: ќе пиеме здрава и квалитетна вода, рече Поцков.

Вкупната инвестициска вредност на системот изнесува 1.712.602 евра или над 105 милиони денари, кои беа обезбедени преку заем од Проектот за подобрување на општинските услуги, во износ од 83.471.430 денари или 1.357.259 евра, обезбедени од Светска банка, од грант за подобрување на руралната инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги од 260.000 евра од кој 195.000 евра се обезбедени преку Европската унија од ИПА фондовите, додека 65.000 евра се средства од националниот буџет на РМ, исто така, од грант за општина Гевгелија, во износ од 5.927.409 денари, односно 96.380 евра обезбеден преку Министерството за транспорт и врски преку Проектот за водовод и канализација финансиран, со заем од Европската инвестициска банка, наменети за двете нови бушотини. За целосна реализација на проектот, општина Гевгелија од сопствениот буџет дополнително обезбеди 5.305.992 денари, кои се наменети за обезбедување на електроснабдување и оградување и уредување на бунарското подрачје.

-Во оваа прилика сакам да нагласам дека водата од новиот водоводен систем ќе потече во сите гевгелиски домови и објекти до крајот на ноември.Бидејќи неопходно е усогласување на постојниот со новиот систем, обука на вработените лица, рече градоначалникот на општина Гевгелија по што констатира:

-Со изградбата на овој систем фактички ја заокружуваме реализацијата на најголемите еколошки капитални инвестициони зафати во општина Гевгелија.Пред извесно време во Гевгелија и официјално профункционира Пречистителната станица кај Вардар.Пред две недели Гевгелија ја доби првата и единствена времена депонија за комунален отпад, изградена според европски стандарди и со јапонски грант.Денес сме свидетели на уште еден капитален проект, кој го решава водоснабдувањето на гевгеличани во наредните три и повеќе децении.Во оваа прилика сакам да изразам голема благодарност за финансиската поддршка до Канцеларијата на Светската банка во Скопје, Делегацијата на Европската унија во нашата земја, Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.Исто така, сакам да се заблагодарам за успешната соработка до проектантот – Градежниот институт на Македонија, изведувачот – Хидрострој и стручниот надзор – ГЕИНГ, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, потенцирајќи дека општината не се откажуваме и од водата од бунарите кај Моин, се разбира, за нивно користење по деарсенизацијата.Во тек се подготвителните активности за утврдување на квалитетот на водата од овие бунари и нивото на арсенот.Врз основа на овие истражувања наредната година ќе започнеме со реализација на најсоодветниот систем за деарсенизација на оваа вода.

Веднаш потоа градоначалникот Поцкоб го поканби министерот Горан Сугаревски, поранешниот градоначалник на општина Гевгелија Иван Франгов и поретседателот на Советот на општина Гевгелија заеднички да го предадат новиот водоснабдителен во употреба. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________