ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ЗБРАТИМЕНИТЕ ОПШТИНИ

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков оствари средба со градоначалниците на збратимените општини – Владимир Гак, поретседател на општина Инџија, Србија, Салем Дедиќ, градоначалник на општина Јабланица, Босна и Херцеговина, Ренато Крулчиќ на градот Пазин, Република, како и градоначалник на хрватската општина Гвозд Милан Врга. Градоначалниците на збратимените општини присуствуваа на прославата на Денот на ослободувањето на Гевгелија-7 Ноември.

 

На средбата беше укажано на потртебата од понатамошно унапредување на соработката и нејзино насочување кон одредени дејности. Пред се, унапредување на култураната и размената на образовните институции, но и поголемо поврзување на бизнис заедницата.

-Наша обврска е да ги воспоставиме врските меѓу бизнис заедниците, а тие понатаму ќќе ја трасираат својата соработка. Како збратимени општини покажавме дека без разлика на оддалеченоста се почитуваме, заеднички придонесуваме во приближувањето на општините и имаме многу заеднички потреби. Затоа и многу повеќе вниумание треба да посветима на конкретизирање на нашата идна соработка, беше констатирано на средбата.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________