ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УРЕДУВАЊЕТО НА ДИНЌУТ ЗАВРШУВА ДО СРЕДИНАТА НА ДЕКЕМВРИ

Изведбените работи на уредувањето на излетничкото место Динќут во Гевгелија во спортско-рекреативен центар привршуваат. „Универзал градба“ од Струмица, која ги изведува работите,  интензивно работи на финализирање на проектот,

кој треба да заврши до 6 декември годинава. Поточно, на инфраструктурниот дел од проектот што општина Гевгелија го реализира во партнерство со Агенцијата за локален развој од Банско, Бугарија, а со финансиска поддршка од ИПА-Програмата за прекугранична  соработка со Бугарија. На Динќут веќе е изградена патека, поставени се канделабрите, а се уредуваат детски игралишта, амфитеатар, фитнес зона. 

Покрај ова ќе биде уредена и трим патека за трчање и вежбање за повозрасната група посетители која ќе биде опремена со реквизити изработени од природни материјали. Во рамки на излетничкото место ќе бидат поставени и три летниковци, така што Гевгелија ќе добие еден модерен мултифункционален центар. За реализација на проектот општина Гевгелија како лидер партнер од страна на ЕУ доби 169.692 евра.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________