ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

„ДОН КИХОТ“ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО БАНСКО

Возрасната група на драмското студио „Дон Кихот“,

која работи во состав на Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија претстојниот викенд ќе учествува на Меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“ Банско 2018. Театарската група од Гевгелија ќе учествува со претставата „На здравје“ од Шарл Пол Канитино и Шерил Барет, а во режија на Даниела Џишева и Катица Џишева Дупарова.

Улогите во претставата на мошне сугестивен начин ја претставуваат современата реалност карикирајќи ги карактерите на поединците кои ги допираат меѓучовечките односи во општеството.  Претставата претходно беше изведена во Народниот театар во Гевгелија, но и во Струмица и Богданци воодушевувајќи ја публиката.

Гевгеличани очекуваат успех и добри резултати од натпреварот во Банско, а причина повеќе за оптимизмот кој владее меѓу актерите се веќе освоените први места претходните години од страна на младите членови на „Дон Кихот“ кои исто така работат под раководство и режија на професорката Даниела Џишев.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________