ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

„МАЈКА ТЕРЕЗА“ ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ВО ЗЕМЈАТА КОЈ ГИ ЗГРИЖУВА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

-Ваков центар како „Мајка Тереза“ за лица со посебни потреби нема никаде во Македонија,

а тоа е благодарејќи на помошта од италијанскиот Каритас и италијанската бискупска конференција, кои донираа 500.000 евра и благодарејќи на целиот наш тим кој работи со огромна љубов и посветеност кон 40 -те деца кои го посетуваат Центарот, истакна отец Димитар Ташев, од Католичката црква во Гевгелија, инаку, основач на центарот „Мајка Тереза“. 

-Денешниот ден, истакна тој, треба да биде награда за трудот и за сработеното во изминатата година и поттик за наша натамошна работа. Ние, луѓето, не сме создадени само како индивидуи, туку сме и социјални битија кои треба да си помагаат еден на друг Во иднина сакаме, заедно со општината и со фирмите од општина Гевгелија да создадеме солидарен фонд на локално ниво за да може и понатаму Центарот да продолжи да функционира. Тоа ќе зависи од сите нас, отец Ташев. 

Во центарот „Мајка Тереза“, како што велат Снежана Сарамандова, од фондацијата „Аполонија“, кој е партнер во проектот, и Нада Јованова, дефектолог во центарот, во тимот на Центарот работат 13 лица, дефектолог, логопед, физиотерапевт, психолог, педагог, социјален работник и воспитувачи кои одржуваат часови со децата поделени во 4 програми. Нивниот заклучок е дека треба да се работи на отварање на објекти за самостојно живеење, за вработување на овие случаеви, за отворање на социјални претпријатија, со еден збор да се работи за вистинска инклузија на лицата со посебни потреби а не само за гола импровизација. 

-Не се прашувајте, зошто токму вашето дете и не барајте виновник во себе или другите за тоа. Почнете рано со интервенција кај вашите деца, немојте да ги криете дома и да ја негирате нивната состојба, затоа што со посетата на вакви центри и работата со специјализирани тимови, може вашето дете да напредува и да учи, е пораката што ја упати до родителите на деца со посебни потреби, мајка на трииполгодишно дете, кое од две години го посетува центарот и е повеќе од задоволна од тоа, бидејќи „дететот започна да се качува по скали и наскоро ќе прозбори“...

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________