ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГЕВГЕЛИЈА ПОКАЖА И ДОКАЖА КАКО ТРЕБА ДА СЕ НАВИВА НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРИ

Сите по ред - електронски и печатени медиуми, социјалната мрежа и секојдневните коментари, се едногласни по меѓународниот кошаркарски натпревар Македонија-Косово, кој се одигра во гевгелиската сала „26 април“:

Гевгелија покажа како треба да се навива на еден важен и меѓународен спортски натпревар. Притоа, констатираат дека Гевгелија како домаќин мора да добие голема почит за организацијата на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Косово.

Трибините во салата „26 април“ беа полни до последното столче, а навивачката група Фантоми беше вистинскиот предводник на навивачите во Гевгелија, кои сплотени во еден глас, беа еден играч плус за нашата репрезентација вечерва.

Позитива на денот е што од навивачката група Фантоми и од општата публика во салата, немаше ниту еден повик како во минатото на верска и национална основа, нешто поради кое што мора да добијат голема и позитивна оценка, како пример за некои идни навивања во било кој спорт за Македонија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________