ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ВО 2019 ГОДИНА ПРОЕКТИРАН НА 573.828.777 ДЕНАРИ ИЛИ 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА

Буџетот на општина Гевгелија во 2019 година е проектиран на 573.828.777 денари или 9.330.549 евра, а годишниот план на приходи ги содржи основниот буџет, буџетот на дотации, буџет на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности.

Ова е буџетската рамка за идната година што ја утврди Советот на општина Гевгелија на денешната седница на која беше усвоен Нацрт-Буџетот на општината во 2019 година. Приходите на основниот буџет во овој нацрт-документ се проектирани на 275.678.227 денари или 48,04%, на дотации на 195.503.452 денари или 34,06%, на донации 30.179.278 или 5,26%, на самофинансирачки активности 18.967.500 или 3.30% и на приходи од кредити 53.500.320 денари или 9,33%.

Најголем дел од приходите се планираат од трансфери и донации 349.230.957 денари, на даночни приходи 122.400.000 денари, додека пак капиталните приходи, кои се планирани од продажба на градежно земјиште и нематеријално вложување, кои изнесуваат 25.020.000 денари. Најголемо зафаќање од вкупните буџетски средства за идната година е планирано за капиталните расходи, кои се проектирани на 206.143.907 денари или 35,93% од вкупниот вуџет, а ќе бидат наменети за изградба и реконструкција на градежните објекти. Локалните патишта и улици во општината, реконструкција и изградба на водоснабдителни и канализациони системи, како и други капитални зафати.

-Основниот буџет на општина Гевгелија за 2019 година го проектиравме врз основа на буџетските остварувања во општината во изминатите три години, односно, во 2015, 2016 и 2017 година, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, предлагајќи го нацрт-буџетот пред советниците, истовремено, и одговарајќи на одделни нивни забелешки. Притоа, се водевме од главната цел и определба. Да го напуштиме популизмот и нереалните буџетски планирања, бидејќи тоа не е мерило за капацитетот и успешноста на општината. Сметам дека еден ваков значаен документ треба и се заснива на реалните остварувања на планираните буџети во последните три години, а на овие просечни износи додадовме уште 10%. Доколку во текот на наредната година обезбедиме сигурни извори не е никаков проблем со ребаланс да ги зголемиме приходните ставки, рече Поцков во своето обраќање пред Советот на општина Гевгелија.

Нацрт-Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година беше усвоен со мнозинство гласови на Советот на општина Гевгелија, а против гласаа 6 советници од редот на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по усвојувањето овој нацрт-документ ќе биде даден на двонеделна јавна расправа, во чии рамки се предвидени средби на градоначалникот на општина Гевгелија со месните заедници, бизнис заедницата, НВО секторот и организирање на јавни трибини. По разгледувањето и вградувањето на дел од предлозите дадени во јавната расправа, Предлог-Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година, повторно ќе се најде пред Советот на општина Гевгелија, на усвојување, пред крајот на 2018 година.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________