ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА-НЕГОРЦИ

По гребењето и пополнувањето на ударните дупки, денес почна асфалтирањето на првата делница од патот Гевгелија - Негорци.

Целиот пат во должина од 6,5 километри ќе биде реконструиран и асфалтиран, а првата фаза на асфалтирање завршува веднаш до старата управна зграда на поранешен ЗИК„Винојуг“. По асфалтирањето на оваа делница, ќе се премине на гребење и асфалтирање на преостанатиот дел од овој регионален пат.

Целосната реконструкција на патот Гевгелија-Негорци чини 90 милиони денари, а средствата се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта на РМ.  Изведбените работи ги врши фирмата „Жикол“.

Поради асфалтирањето на првата делница од патот, сообраќајот, а и во текот на наредните денови ќе се одвива само преку една коловозна лента наизменично. Оттука и потребата од поголема претпазливост за одвивање на сообраќајот на овој пат.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________