ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЛЕР

- ПРОГРАМА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР) ЗА 2017 ГОДИНА          

- ПРОГРАМА ЗА ТУРИСТИЧКИ РАЗВОЈ И ТУРИСТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2017 ГОДИНА                                                                                                                                                                                                                                                                             ЕКОНОМСКИ ПРОФИЛ

 Како една од географските и културни крстосници во Европа, општина Гевгелија со векови била центар на производството и на трговијата, посебно на земјоделски производи и храна, овошје, зеленчук и квалитетни вина. Во 1995 година индустријата и рударството учествуваа со 33% во вредноста на општинската економија,земјоделството и рибарството со 30%, градежништвото 3,1%, трговијата со 24%, туризмот и угостителството со 2,7%, шумарството со 2,6%, транспортот и комуникациите со 0,9%, други преработувачки и персонални услуги со 1,8%, а сите останати сектори со 1,6%.

 Просечната стапка на раст на БДП за периодот19982002 за Република Македонија изнесувал 5,2%, аза југоисточниот регион 4,1%. БДП по глава на жител,за истиот период, за регионот изнесувал 6.050 американски$ и е понизок од просекот на државата за 13%.Просечнатагодишна стапка на додадена вредност однефинансискиот сектор во периодот 19982002 е негативнаи изнесува -0,2%, за разлика од републичкиотпросекод 3%.

 Во градот Гевгелија постојат три индустриски зони,Ракита, Деленица и новата стопанска зона Блокотехна.Површината, сопственоста и изграденоста на стопанскитезони е даденa во следната табела:

 Стопанска зона Површина Изграденост СопственостПриватна Р. Македонија

 Ракита 26 ha60% 85% 15%

 Деленица 65 ha80% 80%20%

 Блокотехна 22 ha25% 15% 75%

 Во овие индустриски зони се концентрирани 95%од индустриските капацитети во општината, и тоа одобласта на текстилната и на прехранбената индустрија,како и индустријата за пластика.

 Број и структура на деловнисубјекти

 

 На 31 декември 2005 година во општина Гевгелијаимало вкупно 2.597 регистрирани деловни субјекти(според најновите статистики). Ова е речиси двојноповеќеод регистрираниот број во 1997 година, со значителенпораст на бизнисите во трговијата (+70%), воземјоделството (+40%), во индустријата (+360%) и вотранспортот (+234%). Зголемениот број на деловнисубјекти се должи на подобрениот систем на регистрирање.

 ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ ПО ВИДОВИ

 Вкупно регистрирани 2597

 Претпријатија 982

 Трговски друштва 1042

 Трговци поединци 312

 Останати 261

 ДДВ обврзници (според УЈП – Гевгелија) 710

 (Извор: Државен завод за статистика, 2005)

НА ПРОЦЕН

Доминантната економска активност во општинатаотпаѓа на трговијата (44%), потоа на преработувачкатаиндустрија (13%), на земјоделството (13%), на ловот ишумарството (13%), на сообраќајот и комуникациите(8%). Туристичко-угостителските објекти придонесуваатсо 5% во економската активност, како резултат наблискоста на границата со Грција.1.2.2. Работна сила, вработеност иневработеностРаботната сила (економски активното населениекое го сочинуваат вработените и невработените)во општината претставува 49% од населението.

Официјалната стапка на невработеност изнесува 23%.Во споредба со националното ниво, Гевгелија спаѓамеѓу општините со најниска стапка на невработеност исо највисока стапка на вработеност.

Население /Работна сила/ вработени/ невработени/ невработеност/ вработеност

 22.98811.223 8.679 2.544 22,66% 77,3%

 (Извор: Индикатори за општините во Македонија, УНДП, 2004)

 Од вкупниот број на вработени, 14% работат воземјоделскиот сектор, 39% во индустријата и 47% воуслугите.Според образовната и половата структура на невработените во општината, меѓу невработенитедоминантни се мажите и лицата без оформено среднообразование (над 60% се НКВ и КВ/ВКВ).

 Невработеноста кај младите (до 24-годишна возраст) изнесува 806, или 57% од вкупната невработенаработна сила за таа старосна возраст, која изнесува1.423.Според националните показатели, тоа претставува една од најниските стапки на невработеност кај младите во државата.

 Текстилна индустрија

 Текстилната индустрија има многу долга традицијаво општина Гевгелија, која датира уште од 19-тиот век, вовремето кога доминирало производството на свиленабуба. Оваа индустрија претставува најголем извор завработување во општината. Имено, во 20 компанииима 2.033 вработени. Овие текстилни компании, главно,работат „Lon“ систем.Компанијата „НОЕЛ“ е најголемата текстилна фабрикаво општината, со 860 вработени и со развиенсопствен бренд на висококвалитетни текстилнипроизводи (кошули). Околу 95% од производството на текстил воопштината е наменето за извоз. Голем дел од компаниитесе со грчки капитал или со мешовит македонско-грчкикапитал.

 Градежништво

 Градежната индустрија бележи пораст во последнивегодини, според бројот на новорегистриранитеградежни фирми.Во градежната индустрија постојат 13 активни компании,со 171 вработен.Повеќето од нив работат на локално ниво, нопостојат можности за нивно ангажирање и надвор одопштината.

 Прехранбена индустрија

 Во Гевгелија има две регистрирани компании запроизводство на вино, од кои „Ригоимпекс“ извезува12,5 милиони литри наливно вино годишно, додека винаријата „Јостела“ има помал капацитет. Исто така, постојатголем број мали, семејни производители на вино.Капацитетот на поранешната винарската визбана ЗИК „Винојуг“ изнесува 13 милиони литри на вино,но по продажбата на „Тиквеш“, визбата сe уште не е реактивирана. Во општината има 6 компании кои се занимаваат сопреработка на овошје и на зеленчук, со 113 вработени.Најголемиот дел од преработеното овошје и зеленчуке наменето за извоз. Тоа се, пред сe, познатите традиционалниспецијалитети како што се ајварот, летниотпинџур, лутеницата, различните видови слатко и другипроизводи. Компаниите за преработка на овошје и на зеленчук(„Зора шпед“, „Випро“, „Вори“, „МТД Пајдаков“, „Дием“ и„Техноалат Комерц“) располагаат со вкупен капацитет од над 20.000 тони.

 Метална и електроиндустрија

 Носител на металната индустрија во минатото беше„Алатница“, која сега е дел од ЕМО Охрид. Во2005 година производството беше рестартирано вокомпанијата, со 105 вработени. Во иднина се планирапроширувањесо нова линија, доколку се остваратплановитеза заедничка инвестиција со македонски игрчки капитал. Во металната и во електроиндустријата работат и4 други компании – „P&D“, „Унион Инг“, „Евро Порта“ и„Кофриз“, со вкупен број на 172 вработени.

 Индустрија за пластика

 Индустријата за пластика и пластични маси (полеиетиленскии полипропиленски цевки, системи занаводнување и канализација) во последните годинибележи значителен прогрес во општина Гевгелија.Во моментот има четири компании кои работат во овој сектор – „Гемапласт“, „Контихидропласт“, „7-миноември“ и „Технопродукт“, со вкупен број на 169вработени.

 Транспорт

 Во општината постојат 32 компании кои се занимаваатсо превоз на патници, од кои 12 се такси-компании(со 78 возила). Во последните десетина годинисе појавија прилично голем број мали приватни транспортникомпании специјализирани за транспорт на земјоделскипроизводи. По трансформацијата на транспортното претпријатием „Трансбалкан“, кое беше специјализирано за транспортна луѓе и на стоки, произлегоа една поголемакомпанијаи неколку помали компании специјализиранизатранспорт на патници и на стока, како и за складирањена стока.

 Финансиски и други услуги

 На подрачјето на општината, осум од поголемитебанки во Република Македонија имаат свои филијали:Стопанска банка АД, Македонска банка, Уни банкаАлфа банка, ИК Банка, Тутунска банка и Комерцијалнабанка, со вкупен број на 134 вработени. Македонскипошти имаат вкупно шест единици, од кои три во градотГевгелија, една во Негорци, една на граничниот преминБогородица и една во Миравци. Во Гевгелија има повеќе едукативни центри коинудат обука за информатичка технологија и за странскијазици, обука за млади, како и за образование навозрасни и за организирање на стручни курсеви.Во Гевгелија, исто така, има пет консултантскикомпании, со вкупно 23 вработени, коишто даваатуслуги во доменот на сметководство, финансиите,ревизијата, процени и царини, даноци, изработка наинвестициони програми и профит од бизнис планови,опстојување на трговски друштва, правни и маркетингуслуги. На територијата на општина Гевгелија активни се19 адвокатски и 2 нотарски канцеларии, додека услугии совети во делот на земјоделството дава Агенцијата запоттикнување на индивидуалното земјоделство.

 Земјоделство

 Како резултат на климатско-почвените погодности,земјоделството и производството на храна отсекогашимале голема важност за добриот стандард и за стопанскиотразвој во општината. Се одгледуваат широкспектар на овошје и зеленчук, вклучувајќи производи што се карактеристични за медитеранско-егејскотоподнебје, како што се смокви, маслинки, калинки, лимони,грозје, кикиритки, киви и другиВо стаклените бавчи и во пластениците, покрајраноградинарските производи, се одгледуваат иразлични видови цвеќиња. Пријатните климатскиуслови се надополнети и со термоминерална вода,која ја има речиси под целокупниот гевгелиски дел накотлината, со добри потенцијали за квалитетна храна иза екопроизводи. Целокупното земјоделско земјиште во општинатаизнесува 8.440 ха, од кои 3.260 се користат какоораници и бавчи, 1.000 ха се засадени со лозовинасади, 100 ха со овошни, 300 ха се ливади и 3.880 хасе пасишта. Околу 80% од обработливото земјиштее кај индивидуалните земјоделци, а останатото е кајправните лица. Годишното земјоделско производствово поширокиот регион изнесува околу 100.000 тони, одкои само во општина Гевгелија се произведуваат над50.000 тони, од кои 20.000 тони се раноградинарски производи, 20.000 тони грозје, како и други земјоделски култури. Со одгледување на земјоделски производи самово општина Гевгелија се занимаваат речиси 4.000домаќинства (60% од вкупното население).Приватните земјоделски фирми во општинаГевгелија организираат раноградинарско производствона 27 ха во оранжериите, од кои годишната бербаизнесува 3.000 тони, претежно домати и краставици.На индивидуалните земјоделски површини подпластеници се засадени 120 хектари со домати, совкупен род од 8.000 тони. Во последните години, на75 ха, преку проект на македонската и на холандскатавлада, се организира производство на аспарагус.Бројот на регистрирани професионални земјоделци енизок, а слична е состојбата и на национално ниво.На лозовите насади во општината можат да сесретнат речиси сите видови грозје. Трпезното грозјесе извезува во Србија, во Црна Гора, во Бугарија, воАлбанија, во Словенија, во Украина, во Русија и водруги земји, а плантажите се прошируваат. Исто така, ивинските сорти на грозје се традиционално застапени,со воведување на нови сорти. Инаку, лозовите насадиво општината се застапени на 1.000 хектари, од коигодишно се собираат 18.000 тони грозје. Општина Гевгелија располага со 3.880 ха напасишта, кои се идеален ресурс за одгледување наовци и на друг вид стока. Вкупниот број на грла воопштината вклучува 12.000 овци, 1.000 кози и 750говеда. Бројот на живината се движи константно околу100.000. Во периодот 2000–2005 година, бројот на овцие намален за 3.000, додека бројот на говеда е намаленза 1.000. Намалувањето на сточниот фонд се должина скапата сточна храна и на ниската откупна ценана месото и на млекото. Бројлерското производствона кооперативен начин е потенцијална гранка заотворање на минифарми како семејни бизниси.Преку проектот за наводнување „Јужна ВардарскаДолина“, чија реализација е во тек, се очекува повеќекратнозголемување на земјоделското производство.

 Туризам и угостителство

 Општина Гевгелија има одличен потенцијал заразвој на разновиден туризам поради предностите штоги нудат местоположбата, климата, инфраструктурата,чистатаживотна средина и богатото природно и културнонаследство. Развојот на туризмот е, главно, насоченкон бањскиот, планинскиот и транзитниот туризам,како и кон добриот потенцијал за проширување натуристичкатапонуда, во прв ред, на руралниот икултурниот туризам. На само 3 км од Гевгелија се наоѓа модерниот граниченпремин Богородица, преку кој годишно поминуваат3 милиони патници. Гевгелија и околината располагаатсо хотелски капацитети од околу 600 легла, вклучувајќиги хотелот „Аполонија” (73 легла) и новиот хотел-казино„Фламинго” (110 легла), лоциран на самиот граничен премин. На падините на Кожуф Планина, близу до селото Конско,се наоѓа одмаралиштето „Смрдлива Вода“, познатото својата лековита минерална вода. Познатото лекувалиште „Негорски Бањи“, со хотелите„Божур“, „Јасен“ и „Илинден“ (300 легла), претставувазначаен бањско-рекреативен центар. Бањитерасполагаат со базени со топла и со студена минералнавода, со услови за медицински третман и со спортски капацитети. Покрај ова, општината располага со сместувачкикапацитетиво мотелот „Вардар“ (86 легла), хотелот„Пелагонија“ (204 легла) и хотелот „Ашик“ (16 легла).Важно место на туристичката мапа во општинатазазема и археолошкиот локалитет „Вардарски Рид“ кој,со својата атрактивна локација, нуди одлична можност за развој на археолошки и на културен туризам.

Во 2005 година во Гевгелија преноќувале, една илиповеќе вечери, 43.000 туристи (10% од вкупниот број нанационално ниво). Од ова бројка, 30.000 биле домашни,а 12.500 странски туристи. Во споредба со 2001 година,кога бројката изнесувала 20.682 (15.786 домашни и4.896 странски туристи), порастот е значителен.Најголемиот број туристи доаѓаат од Грција (2.446),од Србија и Црна Гора (940), од Холандија (732) и одБугарија (361).Инаку, од угостителските капацитети, општинатарасполага со 39 ресторани, 3 кабареа и 16 кафе-барови.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________