ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Општина Гевгелија остварува богата меѓународна соработка, која се одвива преку унапредување на прекуграничната соработка, збогатување на соработката со збратимените општини и унапредување на соработката со меѓународните организации.

Градоначалникот на општина Гевгелија, согласно надлежностите за претставување и застапување на општината, остварува редовни средби со претставниците на ЕУ и другите меѓународни организации во нашата земја, како и со дипломатски претставници на други држави. Исто така, и со претставници на локалните власти во пограничните општини во општина Гевгелија и со збратимените општини. 

ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА

Со потпишувањето на Меморандум за соработка во еврорегион од страна на девет погранични општини во соседна Грција и исто толку во Република Македонија значително е проширена прекуграничната соработка. Имено, со потпишувањето на овој документ не само што се потврдува досегашната соработка, туку се утврдуваат насоките за натамошното заедничко настапување на пограничните општини од двете земји, истакна на свеченото отворање на средбата во Гевгелија домаќинот – градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалниците или претставниците на пограничните општини Килкис, Халастра, Агиос Атанасиу, Неа Михањона, Аридеа, Неаполис, Хершо, Галику и Муриес, од соседна Грција и општините Гевгелија, Прилеп, Битола, Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Босилево и Василево. Покрај ова, општина Гевгелија остварува тесна и успешна соработка со соседните прекугранични општини Поликастро и Бојмица.

Меѓународната соработка на општина Гевгелија продолжува преку унапредување на соработката со збратимените општини во други земји и контакти на претставниците на локалната власт со дипломатските претставници и странски гости во општина Гевгелија.

Збратимени градови

Инџија-Србија (1980),Карач-Турција (2005),Котка-Финска (2006),Севлиево-Бугарија (2007),Сежана-Словенија (2007),Јабланица-Босна и Херцеговина (2009), Нова Горица-Словенија (2012), Пазин-Хрватска (2013)

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________