ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИКОНИ ОД ПАПРАДИШКИ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА ЦРКВА „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија се наоѓаат 9 икони од познатиот и последен македонски зограф Димитриј Андонов-Папрадишки, додека една икона се наоѓа во црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Габрово. Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија е подигната во 1896 година, и тоа, на истото место каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година.

Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води.
Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов - Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква „Света Троица“ или од манастирската црква „Св. Спас” во Гевгелија, и се дело на непознат резбар (од XVIII век). Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник. Градител на црквата е Андон Китанов.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________