ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Општина Гевгелија се наоѓа на еден од клучните правци на движењето на народите низ сите историски епохи кои оставиле значајни траги и голем број археолошки наоѓалишта.

 


Особено се истражувани археолошките наоѓалишта од IV век п.н.е. и целиот континуитет до XIV век до доаѓањето на Турците. Истражувањата покажале дека на ова подрачје има податоци за присуство на античката, хеленистичката, римската и славјанската култура.

 

Локалитетот Вардарски Рид е познато излетничко место на северната периферија на градот Гевгелија, на самиот десен брег на Вардар. Зазема централна позиција во Гевгелиско, со доминантна и стратегиска положба над Гевгелиско Поле, градот Гевгелија и долината на Вардар. Реката Вардар во благ свиок го заградува од северната и од источната страна да се насочи кон границата со Грција, која се наоѓа на 2 километри јужно.

 

На запад и на југ од Вардарски Рид се протегаат ниските терени на Гевгелиско Поле, кои во минатото биле во добра мерка мочурливи, изложени на честите излевања на водите од Вардар. Локалитетот го сочинуваат два карпести рида, повисокиот и пострмен западен (Рид 1) и понискиот и поблаг источен рид (Рид 2), споени со заедничко благо седло, отворено од едната страна кон коритото на Вардар, а од другата кон ниските терени спрема денешна Гевгелија.

 

Со ваквата позиција и морфолошките особености, Вардарски рид бил единствената погодна локација за живеење во населба низ вековите на протоисторијата и раната антика. Така, на целата негова површина биле таложени остатоци од живеење или погребување од различни периоди, со што е создаден еден од најкомплексните археолошки локалитети - наоѓалиште со сложена стратиграфија, разновидни и разновремени културни остатоци.

 

Градот Гевгелија како релативно млад град благодарение на поволните услови низ кои минувал во одделните развојни периоди успеал да се развие во поголема населба.

 

Расположен во долината на реката Вардар, една од најважните сообраќајни артерии на Балканот за време на Отоманската империја, во непосредна близина на Солун и на Егејското Море, обиколен со плодни полиња и пасишта, градот Гевгелија во последните две децении од XIX век и почетокот на XX век се до Балканските војни се развивал релативно брзо.

 

Гевгелија за град е прогласена во 1886 година. Меѓутоа, според различни документи, Гевгелија како мала населба постоела уште во Средниот век, а ако се суди според археолошките откритија на Вардарскиот рид, постоела уште многу порано. Од многубројните остатоци на алатки, керамика и накит може да се заклучи дека на местото на денешниот град или во неговата непосредна близина некогаш постоела развиена населба. Првите веродостојни податоци за Гевгелија потекнуваат од втората половина на XIX век.

 

Според еден германски патописец, во 1863 година Гевгелија броела 60 куќи со 300 жители, но имала изглед на мало градче. Неколкуте големи свилари во кои биле вработени главно жени, развиеното производство на земјоделски и сточарски производи и доста развиено занаетчиство придонело Гевгелија да се развие во важен стопански центар. Во тој период бил изграден и безистен - покриена чаршија. Околу 1880 година Гевгелија почна да се развива и како административен и воен центар кој опфаќал 68 села со вкупно 49.400 жители.

 

Со изградбата на железничката пруга Солун - Гевгелија - Скопје, економската моќ на Гевгелија почнала постојано да расте. Стационирањето на војската во градот ја принудило власта да обрне поголемо внимание на систематското уредување на градот.

 

Од новоподигнатита касарна до железничкта станица била изградена калдармисана улица, која на градот му дава убав и модерен изглед (според оваа улица го добива епитетот од станица до граница). Кон 1890 година населението во градот броело 4.200 жители. Брзиот раст на градот во периодотмеѓу 1860 и 1890 година бил пред се резултат на стопанскиот просперитет условен од економските фактори - развиено земјоделие, свиларство, домашна индустрија и трговија, железничка поврзаност со Скопје и Солун, административен центар и др. Но ваквиот подем не бил долготраен. Со навлегувањето на европските производи се повеќе се намалувала економската моќ на градот, се затвраат свиларите, а на останатите производи, кои се произведувале во градот им се намалува цената (памук, тутун).

 

Со навлегувањето во XX век положбата на Гевгелија и околните села не се изменила многу. Политичките и воените настани (Илинденското востание, Младотурската револуција, Балканските војни и И Светска војна) ја опустошиле Гевгелија, впрочем како и, цела Македонија. Голем дел од населението било принудено да го напушти градот, така да од 5.188 жители пред 1912 година, Гевгелија во 1921 година се намалува на 2.792 жители.

 

По И светска војна со постепено заживување на стопанскиот живот во градот, рушевините се расчистуваат, а на нивното место се градат нови куќи и дуќани. Во 1925 населението брои околу 3.500 жители, а во 1931 година 5.011 жители. Но, повторниот стопански развој на градот имал краток век.

 

Светската криза, во периодот од 1929 до 1933 година, како и нејзините тешки последици ги почувствувало и населението на Гевгелија и Гевгелиско.

 

ИИ Светска војна, окупацијата и четиригодишните борби, на целото македонско стопанство нанеле тешки штети, но по ослободувањето развојот на целата земја, па и на Гевгелиската општина, оди по перманентна нагорна линија.

 

За културно-историскиот развој на градот зборуваат ретките преостанати објекти од XIX век, лоцирани на главната улица. Дел од нив се станбени, дел се со друга намена и се третираат како објекти со споменични вредности. Нивнаталокација е:

 

 

 

• ул. "Маршал Тито", бр. 34,193,146,19,26 (музеј), 13, 169, 107 (библиотека), 97 (поранешно седиште на РТГ);

 

•улица "7ми - Ноември" бр. 6;

 

•улица "Бран Петрушев" - чаршијата;

 

•улица "Димитар Влахов" бр 1;

 

•Амамот;

 

•Црквите Св. Спас и Св.Кирил и Методиј.

 

 

 

Во поширокиот простор на општината регистрирани се следните објекти со споменички вредности:

 

•Куќа на Беќарев Тодор во село Серменин и

•Основното училиште во село Конско.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________