Четврток, 09 Септември 2010

PostHeaderIcon Еко светилки

Започна реализацијата на проектот за замена на старите живини светилки од уличното осветлување со еко-светилки кои ќе придонесат за значителна заштеда на електрична енергија.


Во рамките на проектот, кој општина Гевгелија заеднички го реализира со Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и Центарот за НВО-Гевгелија, набавени се 400 еко светилки. Станува збор за натриумови светилки од 110 вати со кои ќе бидат заменети досегашните живини светилки од 125 вати. Најпрво, ќе биде извршена замена на светилките во потесното централно градско подрачје, а потоа и во другите делови од градот.

Покрај заштедата на електрична енергија, овој зафат значително ќе придонесе за заштита на човековата околина. За реализација на проектот од страна на Глобалниот еколошки фонд се обезбедени 300.000 денари, а преостанатите 300.000 денари ги обезбеди општина Гевгелија.

Click for Gevgelija, Macedonia Forecast
Видео Акценти
You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Комунални Проблеми
Анкета
Дали ви се допадна "Гевгелиско културно лето 2010"
 
Турист Инфо

Фото Галерија
Пријатели