Годишнина
| Главно Мени |
Над стотина деца учествуваа во одбележувањето на 109 годишнината од загинувањето на идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Во организација на Јавната општинска установа Библиотека Гоце Делчев, заедно со детските градинки Детска радост, Сончогледи и Цветови, беше организирано чествување пред платото на библиотеката „Гоце Делчев“ во центарот на Гевгелија.
Над стотина најмлади гевгеличани со драматизации, цртежи и фолклорни поставки, потсетија на ликот и делото на идеологот на македонското национално движење Гоце Делчев, кој загина на 4 мај 1903 година. На хепенингот, кој се случуваше пред платото на Библиотеката „Гоце Делчев“, покрај бројните гости и граѓани, присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов.












Прочитајте го 