Трговски центар Милци

Објавен јавен повик за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, ...

  • Инвестирај во Гевгелија

    Петок, 20 Август 2010 17:00
  • Трговски центар Милци

    Понеделник, 19 Април 2010 15:31
Среда, 08 Септември 2010

PostHeaderIcon Соработка

Главно Мени

Грчка ТВ-екипа на третиот државен канал ЕРТ 3 престојуваше во Гевгелија и снимаше документарна емисија за прекуграничната соработка. -Граѓаните и локалната власт во општина Гевгелија имаат секојдневна комуникација и остваруваат успешна соработка со граѓаните и локалните власти во пограничните општини во соседна Грција.


Тоа е сосема нормално за граѓаните кои живеат крај заедничка граница, која треба да не зближува, а не да не разделува. Досегашната соработка покажа дека со редовна комуникација и заеднички настап пред европските фондови врските меѓу граѓаните од двете страни на границата уште повеќе да зајакнат. Минатата година во Гевгелија беше потпишан меморандум за соработка меѓу 10 погранични општини во соседна Грција и исто толку во Република Македонија што е особено значајно пред престојното отварање на Интерре 4А програмата,-изјави покрај другото градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов за солунското дописништво на грчкиот тв-канал ЕРТ 3.

За досега реализираните заеднички проекти со пограничните општини во соседна Грција зборуваше Ристо Атанасовски од Агенцијата за локален развој во Гевгелија, а грчката тв-екипа снимаше и на неколку други локации во општината. Инаку, во документарната емисија за прекуграничната соработка, покрај македонските соговорници, ќе бидат вклучени и градоначалникот на Кукуш, претседателот на Стопанската комора во Кукуш, претставници на Интеррег програмата и други.

Click for Gevgelija, Macedonia Forecast
Видео Акценти
You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Комунални Проблеми
Анкета
Дали ви се допадна "Гевгелиско културно лето 2010"
 
Турист Инфо

Фото Галерија
Пријатели