Трговски центар Милци

Објавен јавен повик за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, ...

  • Инвестирај во Гевгелија

    Петок, 20 Август 2010 17:00
  • Трговски центар Милци

    Понеделник, 19 Април 2010 15:31
Среда, 08 Септември 2010

PostHeaderIcon Прекугранична соработка

Главно Мени

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов имаше средба со претставниците на Центарот за обука Епиморфотики од Кукуш на која стана збор за соработката во врска со престојното аплицирање до Интерег 4А програма за прекугранична соработка со Република Грција.

Општина Гевгелија преку оваа програма во изминатиот период реализираше повеќе заеднички проекти со Поликастро, Кукуш, Бојмица, Ексаплатанос, Аминдео и други погранични општини во соседна Грција. Дел од овие проекти, како што беше обуката на невработени лица и вработени во комуналната сфера, беа реализирани во организација на Центарот за обуки од Кукуш. Пред престојното отворање на Интерег 4А програмата за оваа година интерес за продолжување на соработката пројавија општините Поликастро, Бојмица и Кукуш.

Според директорот на Центарот за обуки Панос Амиридис програмата ќе понуди можности за аплицирање на неколку теми – економски развој, човечки ресурси, обуки за развој на туризмот. Оттука и потребата, пред отворањето на Интерег 4А програмата, партнерите од двете општини да ги утврдат и усогласат своите приоритети. Од страна на градоначалникот Франгов беше најавено дека за општина Гевгелија од посебен интерес се проектите за изградба на патот од новоизградениот мост до македонско-грчката граница, уредувањето на крајбрежјето на Вардар во пограничниот регион, како и отворање на заедничка канцеларија за посредување при вработувањето. За овие проекти согласност веќе имаме од општините Поликастро и Бојмица, нагласи Франгов.

Click for Gevgelija, Macedonia Forecast
Видео Акценти
You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Комунални Проблеми
Анкета
Дали ви се допадна "Гевгелиско културно лето 2010"
 
Турист Инфо

Фото Галерија
Пријатели