Санација
И покрај студеното време,во ОУ Крсте Мисирков,во тек е замената на дрвените прозорци со алуминиумски.

Целата инвестиција е вредна 3,1 милиони денари од кои 1,2 милиони се од проектот на USAID a 1,8 милиони се средства обезбедени од општината..Работите-како што ни изјави директорот на училиштето Никола Марачков-се очекува да завршат во текот на наредната недела.Со оваа санација се очекува подобрување на енергетската ефикасност,што значи помалку пари за набавка на нафта со која се загрева училиштето,а повеќе пари за подобрување на условите во кои работат учениците и наставниците.
Со овие работи,истакна при посетата на училиштето градоначалникот Иван Франгов,продолжува лани почнатата активност за обнова,реконструкција и санација на основните училишта во општина Гевгелија,за која се одделија околу 12 милиони денари.









Прочитајте го