Седница на советот
Претседаталот на Советот на општина Гевгелија Александар Тодов 16.седница ја закажа за 10 февруари 2010 година, кога се очекува да биде донесен УП за месноста Милци кај преминот Богородица.
Станува збор за Урбанистички план вон населено место со кој ќе бидат урбанизирани 43 хектари наменети за повеќенаменски комплекси. Покрај ова советниците се очекува да донесат и нацрт-одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот на општината, а ќе расправаат и за годишниот извештај и програмата за работа на ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев".
На дневен ред на Советот на општината ќе се најде и Предлог-планот за
запишување на ученици во Прва година во СОУ "Јосиф Јосифовски" во учебната 2010-2011 година и Извештајот за јавна безбедност и
безбедност на сообраќајот на подрчјето на општина Гевгелија од 1 јуни до 31
декември 2009 година.









Прочитајте го