Транспарентна општина
Општина Гевгелија е вклучена во проектот на ЗЕЛС ˝Транспарентна општина˝, заедно со уште 11 општини во РМ, за унапредување на транспарентноста и учеството на граѓаните на локално ниво.
Во рамките на проектот што ќе се реализира во наредните девет месеци предвидени се активности со кои треба да се утврди степенот на транспарентноста и учеството на граѓаните во општината, да се детектираат ˝точките˝ кои треба да се унапредат и врз основа на тоа да се изработи Акционен план за отвореноста на општината и за вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, како и изготвување на регулативи со кои ќе се регулираат овие процеси.
За таа цел претставници на ЗЕЛС го презентираа проектот, кој се спроведува
со финансиска поддршка од УСАИД, пред градоначалникот и раководителите на
одделенијата во општина Гевгелија.









Прочитајте го