Автобуски превоз
| Главно Мени |
Како општина се залагаме и ќе се залагаме за целосно почитување на законските прописи и поголем ред во автобускиот превоз на патници во општината, изјави градоначалникот Иван Франгов во врска со протестите на група граѓани од Миравци.
Воопшто не преферираме ниту една фирма или учесник во автобускиот превоз, бидејќи за волја на вистината компанијата за автобуски превоз пред две години го добила тендерот за превоз на патниците, а јас сум на оваа функција неполна година. Напротив, ќе настојуваме од сите учесници подеднакво да ги почитуваат законските прописи, тоа им го реков на граѓаните од Миравци уште на 13 јануари, кога прв пат дојдоа во општината, укажувајќи им дека превозникот, односно ˝Млаз-патувачки˝ треба да си обезбеди лиценца и другата потребна документација.
По најновиот протест на група граѓани од Миравци, во
изјавата на овластениот општински инспектор за патен сообраќај и патишта се
наведува дека проблемите во автобускиот превоз на патници во општина Гевгелија,
посебно на релацијата Гевгелија-Миравци, се резултат на нелојалната
конкуренција и непочитувањето на законските прописи од страна на двете
претпријатија за автобуски превоз и нивната манипулација со патниците. Имено,
претпријатието ˝Амиго˝ поседува лиценца за вршење на општински линиски превоз и
дозвола за вршење на превоз на релацијата Гевгелија-Миравци. Претпријатието
˝Млаз-патнички˝ од Богданци до 13.01.2010 година вршеше превоз на патници на
истата релација без лиценца за посебен превоз на патници. Поради ова
овластениот општински инспектор за сообраќај интервенираше на неколкупати, а
поради исклучувањето на ˝Млаз-патнички˝ од сообраќај, патниците протестираа во
општината.По укажувањата, ˝Млаз-патнички˝ извади лиценца, но, се уште нема
прибавено дозвола за посебен превоз на патници, така што по отстранувањето на
техничките пропуси, надлежните општински служби ќе постапат според законските
прописи. Општина Гевгелија досега, а и во иднина, нема да фаворизира ниту еден
превозник, туку ќе се залага за доследно почитување на законските прописи и
ставање на ред во автобускиот превоз во општината. Затоа, побара од
превозниците да не манипулираат со
патниците, туку доследно да се приддржуваат на законските прописи.









Прочитајте го