Трговски центар Милци

Објавен јавен повик за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, ...

  • Инвестирај во Гевгелија

    Петок, 20 Август 2010 17:00
  • Трговски центар Милци

    Понеделник, 19 Април 2010 15:31
Четврток, 09 Септември 2010

PostHeaderIcon Ракометарките полуфиналистки

Главно Мени

Гевгелиските ракометарки, во рамките на четвртфиналето на Купот на Македонија во ракомет за жени, се изборија за влез меѓу четирите најдобри екипи во Република Македонија, по што им се отворени вратите за влез во европските купови.

Изминатиот викенд, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија, се одиграа натпреварите од четвртфиналната група Д. Првиот ден екипата на домаќинот ЖРК „Гевгелија“ ја совлада екипата на „Ѓорче“ од Скопје со 30:24, додека прилепчанките на „Жито Прилеп“ беа поуспешни од екипата на Кастратовиќ од Скопје, совладувајќи ги со 28:23. Во неделниот натпревар, кој решаваше кој ќе оди во полуфиналето, се сретнаа екипата на „Гевгелија“, која се натпреварува во Првата македонска лига и суперлигашот „Жито Прилеп“. Младите ракометарки од Гевгелија се надминаа себе си и со помош на френетичното навивање на публиката, на крајот славеа со 32:28 (полувреме 17:15), со што се стекнаа со право во мај месец да играат во полуфиналните средби на Македонскиот ракометен куп за жени.

Ова е голем поттик за младите гевгелиски ракометарки, во продолжение на натпреварите во Првата македонска ракометна лига, да го освојат првото место и до година да станат суперлигаши.

Click for Gevgelija, Macedonia Forecast
Видео Акценти
You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

Комунални Проблеми
Анкета
Дали ви се допадна "Гевгелиско културно лето 2010"
 
Турист Инфо

Фото Галерија
Пријатели