Седници на Советот на Oпштина Гевгелија

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈA
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
СОВЕТ НА ОПШТИНА
Бр.09-1611/1
10.10.2023 год.
ГЕВГЕЛИЈА

Врз основа на член 28 од Статутот на Општина Гевгелија (“Службен гласник на Општина Гевгелија” бр.25/06, 08/10, 18/14, 13/20, 02/21 и 05/21 год.), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на триесет и втората седница
на Советот на Општина Гевгелија

Ја свикувам 32-та (триесет и втората) седница на Советот на Општина Гевгелија за ден 18.10.2023 година (среда).
На седницата која ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 10:30 часот, предлагам да се работи по следниот

ДНЕВЕН РЕД:

1. Предлог- Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
2. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2023 година,
4. Предлог- Одлука за утврдување цени за зонско паркирање во општина Гевгелија,
5. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2023 година,
6. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2023 година,
7. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план по ставки и потставки на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2023 година,
8. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2023 година,
9. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2023 година,
10. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2023 година,
11. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година,
12. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
13. Предлог- Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2023 година,
14. Предлог- Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година на вработените во ТППЕ- Гевгелија,
15. Предлог- Одлука за давање на времено користење на помошна просторија во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, објект во сопственост на Општина Гевгелија,
16. Предлог- Одлука за утврдување на Нацрт- Измени и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10.2, општина Гевгелија,
17. Предлог- Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на ГП 4.23 (дел од КП 2107/1) и ГП 4.22 (кп 2107/3) КО Богородица, општина Гевгелија,
18. Предлог- Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на ГП 1 со намена Е 2.1- полигон за обука на возачи, општина Гевгелија,
19. Предлог- Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива од барателот за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр. 485/1 КО Конско,
20. Информација од МЦСР- Гевгелија за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лица со посебни потреби во општина Гевгелија.

Претседател
на Советот на Општина Гевгелија,
д-р Патрик Матх, с.р
Skip to content